четврток, јуни 4, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Внимателно се следат системските ризици за зачувување на отпорноста на банкарскиот систем

Внимателно се следат системските ризици за зачувување на отпорноста на банкарскиот систем

73

Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука да се задржи висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеноста на банките кон клиентите од земјава на 1,75 % од активата пондерирана според ризиците и во третото тримесечје од 2026 година.

Ваквата одлука е заснована на повеќе клучни показатели, кои не упатуваат на остварување позначителни системски ризици. Беше заклучено дека банкарскиот систем, според сите показатели, е стабилен, со добра солвентност и ликвидност, ниска стапка на нефункционални кредити и со солидна профитабилност. Во исто време, се забележува одредено повторно забрзување на растот на цените на недвижностите и на станбените кредити, а понагласени се и ризиците од надворешното окружување. При вакви ризици, но при добра подготвеност на банкарскиот сектор за справување со евентуални шокови, беше оценето дека стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот од 1,75 % засега е соодветен на макрофинансиските услови и на состојбите во банкарскиот сектор.

Народната банка и натаму внимателно ќе ги следи системските ризици и ќе ја оценува висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот на редовна квартална основа. Макропрудентната политика на Народната банка, како и досега, ќе биде насочена кон зачувување на отпорноста на банкарскиот систем и спречување или намалување на системските ризици.

 

ИЗДВОЕНИ