Демократите во американскиот Конгрес подготвуваат обемни истраги против членовите на семејството на претседателот Доналд Трамп и неговите најблиски соработници. Истрагите треба да го вклучат бизнисот на семејството Трамп, сомневањата за корупција, можните злоупотреби во Министерството за внатрешна безбедност, но и постапките на администрацијата во случајот со осудениот сексуален престапник, Џефри Епстин.
Испратени се 12 писма до истакнати членови на политичкиот и на семејниот круг на Трамп, вклучувајќи ги синовите Доналд Трамп Помладиот и Ерик Трамп, зетот Џаред Кушнер, потпретседателот на САД, Џ. Д. Венс, и државниот обвинител, Тод Бланш.
Демократите освоија мнозинство во Претставничкиот дом на конгресните избори во ноември и од јануари тие ќе можат да поведуваат парламентарни истраги и да издаваат обврзувачки судски покани за документи и за сведочење.












