среда, ноември 4, 2026
Дома СВЕТ Преку државните медиуми Иран им дава инструкции на граѓаните како да преживеат...

Преку државните медиуми Иран им дава инструкции на граѓаните како да преживеат нуклеарен напад: Не гледајте во блесокот!

1

Државните медиуми во Иран објавија осумминутно видео со кое им се даваат инструкции на граѓаните како да преживеат нуклеарен напад.

Упатствата во видеото се подготвени од службите за итни случаи на покраината Исфахан, каде што се наоѓа иранскиот нуклеарен објект „Натанз“. Во видеото, граѓаните се предупредуваат да не гледаат директно во блесокот од нуклеарна експлозија и ако се на отворено, да се засолнат зад цврста бариера, да легнат на земја и да ги заштитат главата и лицето. Откако ќе помине ударниот бран, им се препорачува што поскоро да влезат во најблиската цврста зграда, по можност во подрум или во соба во централниот дел од зградата, да ги затворат вратите и прозорците, да ги исклучат системите за климатизација и вентилација што вшмукуваат воздух однадвор и да останат таму најмалку 24 часа. Во видеото се даваат совети за случаи на изложеност на радиоактивни честички, при што се препорачува внимателно да се соблече облеката, да се складира во затворена ќеса и да се измие телото со млака вода и со сапун. Се советува и да се користат вода во шишиња и спакувана храна.

Упатствата беа објавени пред неколку дена, во рамките на Неделата на цивилна заштита во Иран, која се слави со години, но во светот привлече особено внимание по изјавата на Такер Карлсон, кој има поткаст, дека американскиот претседател, Доналд Трамп, подготвува нуклеарен напад.

За кризна ситуација се подготвува и Европската комисија, која вчера презентираше нови упатства што треба да им помогнат на граѓаните и на заедниците да се подготват за итни ситуации, вклучувајќи ги првите 72 часа од кризата. На Европскиот форум за цивилна заштита беа објавени планови за воведување годишен европски ден на подготвеноста, кој треба да се прослави првпат во октомври 2027 година.

 

ИЗДВОЕНИ