Кошаркарот на Олимпијакос, Саша Везенков, е прогласен за најкорисен играч на Евролигата оваа сезона. По успехот во 2023 година, Везенков повторно ја освои титулата по импресивна сезона во која имаше просек од повеќе од 19 поени и шест скока по натпревар.

Како што објави лигата, Везенков беше прогласен за најкорисен играч, што е втората МВП титула во неговата кариера.

Оваа сезона, Везенков има просек од 19,4 поени, 6,6 скока и 1,2 асистенции во 34 одиграни натпревари, со просечно време на теренот од 28 минути по натпревар.

ИЗДВОЕНИ