Најдобриот македонски маратонец, Дарио Ивановски, забележа уште еден извонреден успех откако победи на полумаратонот во Дубровник, Хрватска.
Ивановски делницата од 21 километар ја заврши за време од 1:06.30, што е негов личен рекорд, а зад себе ги остави Силвије Томач (1:14.05) и Жељко Цота (1:14.23).
Инаку, минатата недела Ивановски го освои второто место на престижниот маратон во Белград со заостанување од само 24 секунди зад победникот Гудет Гемсис од Етиопија.











