среда, септември 23, 2026
Дома СКОПСКА Вендинг уред во ООУ „Петар Поп Арсов“

Вендинг уред во ООУ „Петар Поп Арсов“

1

Во ООУ,,Петар Поп Арсов” поставен е специјализиран вендинг уред за собирање на мали отпадни електрични и електронски уреди.

Од Општина Карпош информираа дека оваа акција се реализира во соработка со „Елколект“ ДОО, а целта е најмладите да научат како правилно да постапуваат со електронскиот отпад како и да придонесат кон заштита на животната средина.

-Преку оваа иницијатива, учениците се информираат за значењето на правилното собирање и рециклирање на електронскиот отпад, кој често завршува на несоодветно место. Во поставениот вендинг уред, учениците имаат можност да донесат мали електрични и електронски уреди кои повеќе не ги користат и со тоа ќе добијат тикет за секој правилно одложен отпад – појаснуваат општинските власти.

За најактивните ученици, односно оние кои ќе добијат најмногу тикети, следува награда, а награда предвидена е и за училиштето.

-Со правилно собирање на електронскиот отпад, учениците учат дека грижата за животната средина започнува од секој од нас – потенцираат од Општина Карпош.

 

ИЗДВОЕНИ