среда, септември 23, 2026
Дома СКОПСКА Ислушани потребите на жителите од „11 Октомври-Згради“

Ислушани потребите на жителите од „11 Октомври-Згради“

1

Со средбата што се одржа вчеравечер, во просториите на урбаната заедница „11 Октомври-Згради“, официјално започна циклусот посети на месните и урбаните заедници во Општина Кисела Вода, од страна на градоначалничката, Бети Стаменкоска – Трајкоска и општинскиот тим.

-На овој прв собир, во конструктивна и отворена атмосфера, жителите имаа можност директно да разговараат со градоначалничката и со раководителите и претставниците на секторите од општинската администрација. Фокусот беше ставен на досегашната реализација на проектите, но и на идните приоритети кои произлегуваат од нивните реални потреби – соопштија од Општина Кисела Вода.

Оттаму додаваат дека на средбата биле истакнати значајни капитални и инфраструктурни зафати реализирани во изминатиот период, меѓу кои се издвојуваат проширувањето на капацитетите на детската градинка „Весели цветови“ – клон „Кокиче“ со нови простории, како и доградбата на нови училници во ООУ „Невена Георгиева Дуња“.

Жителите изразиле особена благодарност за успешно спроведениот проект за санација на постоечки лифтови, преку кој се доделени субвенции за реконструкција. Исто така, позитивно биле оценети редовното одржување и косење на трим-патеката, како и богатата културна програма и настани што Општината ги организира во парковите „Шопен“ и „Пушкин“.

-Во рамките на отворената дискусија, граѓаните ги посочија и новите барања и потреби за подобрување на секојдневните услови за живеење. Меѓу приоритетните барања беа поставени поставување ново осветлување на делот пред салата „Расадник“, обезбедување дополнителен паркинг простор зад зградата на ул. „Михаил Чаков“ број 13, поставувања нови контејнери на улиците „Петар Дељан“ и „Михаил Чаков“, како и асфалтирање на преостанатата мала уличка во должина од 50 метри зад зградата на Општината – информираат од локалната самоуправа.

Теренски средби ќе продолжат и во наредниот период, при што со посетите ќе бидат опфатени сите месни и урбани заедници во Општина Кисела Вода

 

ИЗДВОЕНИ