вторник, јуни 16, 2026
Дома СВЕТ Велика Британија и ЕУ ќе одржат втор самит на 22 јули

Велика Британија и ЕУ ќе одржат втор самит на 22 јули

0
Фото: EPA/JOSE SARMENTO MATOS / POOL

Велика Британија и Европската Унија ќе го одржат својот втор самит на 22 јули, изјави денес британскиот премиер Кир Стармер.

Стармер изјави во објава на платформата „Икс“ дека денес се договорил за датумот на самитот со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

„Мојата лабуристичка влада го исполнува своето ветување да ги ресетира нашите односи и да ја стави Британија во срцето на Европа“, рече Стармер.

Тој додаде дека Велика Британија и ЕУ ќе „работат заедно за да се справат со трошоците за живот, да ги зголемат работните места и да создадат можности за младите луѓе“.

ИЗДВОЕНИ