понеделник, јуни 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Велешанка наседнала на лажна СМС порака за сообраќаен прекршок, од сметка и...

Велешанка наседнала на лажна СМС порака за сообраќаен прекршок, од сметка и „скинале“ 250 евра

27

Четириесет и тригодишна велешанка пријавила во полиција дека била измамена за сума од 16.592 денари. Според пријавеното, на 05.05.2026 добила СМС порака за наводно сторен сообраќаен прекршок кој требало да го плати.

Како што информираат денеска од СВР Велес, во пораката имало линк од веб страна со насоки за плаќање и било наведено дека доколку ги следи упатствата ќе плати само половина од сумата за прекршокот. Откако ги внела податоците од својата банкарска сметка, во неколку наврати добила порака за неуспешно плаќање, а подоцна забележала дека од сметката ѝ биле одземени пари.

Од СВР Велес, информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Воедно апелираат до граѓаните да бидат внимателни при  добивање на вакви и слични сомнителни пораки и да не ги плаќаат туку веднаш  да пријават во полиција.

ИЗДВОЕНИ