Оклахома и Детроит поведоа со 2:0 во полуфиналните серии од плејофот во НБА- лигата. Чет Холмгрен и Шај Гилџус-Александар постигнаа по 22 поени во победата на Оклахома од 125:107 над Лос Анџелес лејкерс, додека Пистонси го зголеми водството со победата над Кливленд со 107:97.
За актуелниот шампион, кој сè уште е непоразен во плејофот и има скор од 6:0, Аџај Мичел постигна 20 поени, а Џарен Мекејн запиша 18 коша. Серијата сега се сели во Лос Анџелес, каде што Лејкерс ќе биде домаќин на третиот натпревар.
Лејкерс беше ослабен и на овој натпревар. Тој повторно играше без својот водечки стрелец, Лука Дончиќ (33,5 поени на натпревар), кој е надвор од игра на неодредено време, поради истегнување на тетивата.











