четврток, јули 16, 2026
Дома БАЛКАН Веднаш по влегувањето на Бугарија во еврозоната, ЕУ и подготвува санкции

Веднаш по влегувањето на Бугарија во еврозоната, ЕУ и подготвува санкции

409
EPA/BORISLAV TROSHEV

Бугарија се соочува со потенцијални санкции од Европската Унија поради прекумерен буџетски дефицит, само неколку месеци по приклучувањето кон Еврозоната, изјави премиерот Румен Радев. Тој ја обвини претходната влада дека ја предизвикала кризата со манипулирање со економските бројки за тесно да го премине прагот за приклучување кон еврозоната.

Според процедурата, Софија мора да ги намали трошоците од минатогодишните 3,5 проценти под горната граница од 3 проценти со поставување обврзувачка граница за буџетскиот дефицит. Доколку Бугарија не успее, ЕУ може да го замрзне финансирањето и да оди дотаму што ќе ја казни балканската земја до 0,05 од БДП на секои шест месеци.

Радев, кој се смета за евроскептик, рече дека Европската комисија ќе го објави својот официјален извештај за фискалната состојба на земјата на 3 јуни, со што ќе се активира таканаречената постапка за прекумерен дефицит.

Радев за ситуацијата го обвини за „тешкото наследство“ што произлегува од „небрежност, некомпетентност, волонтеризам, популизам и финансиски злоупотреби“ на претходната десничарска и проевропска влада на Росен Жељазков, која падна во декември 2025 година по масовните протести против корупцијата.

„Некои беа научени да бидат финансиери на наш грб, декапитализираа државни компании, исцицаа бизниси, земаа даноци за да ги прилагодат табелите во Excel, а други ги зголемија трошоците со несоодветни јавни набавки, го ограбија и го испразнија буџетот. Сега доаѓа време за тешки прашања и ЕК ќе нè праша зошто некои луѓе ја излажаа? Сега ние, како влада, ќе бараме одговорност за кражбите и грабежите. Ќе направиме сè што е можно во наредните години за да го доведеме буџетот во нормални граници“, нагласи Румен Радев.

Премиерот Радев предупреди дека ќе биде исклучително тешко за владата да ја доведе државата во нормален буџетски дефицит.

ИЗДВОЕНИ