среда, февруари 4, 2026
Дома БАЛКАН Вечерва во Белград бил нападнат министерот за култура на Србија Никола Селаковиќ

Вечерва во Белград бил нападнат министерот за култура на Србија Никола Селаковиќ

1768

Министерот за култура Никола Селаковиќ вечерва бил претепан во Белград, јавуваат провладините медиуми, пренесе 021.

Според извештаите на некои провладини медиуми, нападот наводно се случил кај Црвениот крст.

Оваа вест ја пренесе Euronews Србија.

Овие медиуми јавуваат дека Селаковиќ моментално е на лекарски преглед.

Засега не се знае како и од кого бил нападнат министерот во преодната влада.

Од српското МВР се уште немаат коментар.

ИЗДВОЕНИ