петок, септември 11, 2026
Дома СВЕТ ЦИА декласифицираше тајни документи: Белата куќа во 1998. била предупредена на можен...

ЦИА декласифицираше тајни документи: Белата куќа во 1998. била предупредена на можен напад со авион

0

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) денес објави 69 претходно доверливи претседателски разузнавачки извештаи – по повод одбележувањето на 25-годишнината од терористичките напади на 11 септември – откривајќи дека американските разузнавачки служби уште во 1998 година ја предупредиле Белата куќа оти терористичката мрежа „Ал Каеда“ „би можела да удри со авион полн со експлозив во некој американски град“, пренесува Си-Ен-Ен.

Во извештајот од септември 1998 година, испратен до Белата куќа за време на претседателскиот мандат на Бил Клинтон, аналитичар на ЦИА предупредил на можен напад на „Ал Каеда“ врз некој американски град.

Документот датира од периодот речиси три години пред киднаперите да ги нападнат Њујорк и Вашингтон со киднапирани патнички авиони на 11 септември 2001 година.

ИЗДВОЕНИ