петок, септември 18, 2026
Дома СВЕТ „Вашингтон пост“: Пентагон јавно прикажал помал број американски воени жртви во војната...

„Вашингтон пост“: Пентагон јавно прикажал помал број американски воени жртви во војната со Иран

0
Фото: EPA/JIM LO SCALZO

Најмалку 22 припадници на американските вооружени сили загинале од почетокот на војната со Иран – што е за најмалку четворица повеќе од бројката заведена во јавно достапната база на податоци на Пентагон – пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на шестмина американски функционери запознаени со внатрешните податоци на Министерството за одбрана за воените жртви.

Пет од шест функционери изјавиле дека најмалку 22 американски војници загинале од почетокот на војната, бројка што е за четири повисока од онаа наведена во јавната база на податоци на Пентагон, позната како Систем за анализа на жртви во одбраната (DCAS).

Шестиот функционер изјавил дека 23 припадници на американските вооружени сили загинале од 28 февруари, кога администрацијата на претседателот Доналд Трамп, заедно со Израел, ја започнала војната со Иран.

ИЗДВОЕНИ