Ракометниот клуб Вардар официјално потврди за ангажманот на францускиот среден бек Матео Фадуил (23), кој од следната сезона ќе го носи неговиот дрес. Тој доаѓа од Трембле, каде што игра од 2022 година.

Целата кариера ја минал во Франција, развивајќи се во Нант, а има настапувано и за Кретеј и за Саран. Во актуелната сезона, тој е еден од клучните играчи на Трембле, со 160 гола и 60,15 % реализација, што го рангира меѓу најдобрите стрелци во лигата.

  • Возбуден сум што доаѓам во историски клуб како Вардар и едвај чекам да ги запознаам навивачите – изјави Фадуил.

Со овој трансфер, Вардар добива креативен организатор на играта, со искуство од силна конкуренција.

ИЗДВОЕНИ