четврток, октомври 1, 2026
Дома БАЛКАН Вадефул: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е клучен тест за Европа

Вадефул: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е клучен тест за Европа

12
EPA/OLIVIER MATTHYS

Германскиот политичар Јохан Вадефул се заложи за забрзување на процесот на проширување на Европската Унија кон Западен Балкан, укажувајќи на предизвиците што во регионот ги создаваат амбициите на Русија и Кина.

„Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е клучен тест за Европа. Тоа ќе биде одлучувачко за влијанието што ЕУ ќе го има во наредните децении“, изјави Вадефул пред состанокот на министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес.

Според него, ЕУ ќе обезбеди траен геополитички простор за дејствување само доколку им понуди на државите од регионот веродостојна перспектива за членство и поцврсто ги поврзе со себе.

Вадефул исто така истакна дека геополитичките ривали подолго време се обидуваат да го зголемат своето влијание во областа, поради што е неопходно да се забрза процесот.

„Државите од ЕУ мора да ги исполнат ветувањата дадени на земјите-кандидати, а земјата што постигнува напредок во реформите мора да напредува и во процесот на пристапување“, изјави тој, напоменувајќи дека клучните реформи вклучуваат владеење на правото, борба против организираниот криминал и корупцијата, како и регионална соработка, пренесува Радио-телевизија на Црна Гора.

ИЗДВОЕНИ