Фотографија од супермесечината над Битола се најде меѓу 17-те впечатливи фотографии објавени во фотогалеријата на угледниот британски весник „Гардијан“, посветена на небесниот феномен кој на 24 ноември можеше да се набљудува од различни делови на светот.
На фотографијата, направена од Ѓорѓи Личовски за Европската новинска агенција (ЕПА), Месечината се издигнува зад крстот на црквата „Св. Недела“ во Битола, создавајќи впечатлива глетка која го привлече вниманието и на меѓународната јавност.
Британскиот весник ја вклучи фотографијата во галеријата со наслов „The beaver supermoon glows across the globe – in pictures“, во која се претставени спектакуларни кадри од супермесечината над светски метрополи и градови како Њујорк, Рим, Атина, Франкфурт, Лондон и Салцбург.
Станува збор за најголемата супермесечина во 2026 година. Овој астрономски феномен се појавува кога полната Месечина се наоѓа во близина на перигејот – точката од нејзината орбита во која е најблиску до Земјата. Поради тоа, таа изгледа поголема и посветла отколку вообичаено.
Фотографијата од Битола е единствениот кадар од Македонија во галеријата, во која се објавени вкупно 17 фотографии од различни делови на светот.












