
Капитенот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Вирџил ван Дајк, ќе биде првиот фудбалер кој ќе си замине од „Енфилд“ на крајот од актуелната сезона. Искусниот дефанзивец има договор со „црвените“ до 30. јуни 2027 година, а како што информираат британските медиуми, на репрезентативецот на Холандија нема да му биде понудено продолжување на соработката.











