Во средно училиште во општината Банга, сместена во јужната филипинска провинција Минданао, 16-годишен ученик уби двајца ученици на возраст од 14 години и рани уште осуммина, пред да си го одземе животот
Локалниот градоначалник Алберт Паленсија потврди дека четворица од повредените се во критична состојба. Нападот се случи во петокот попладне во Националното средно училиште „Банга“.
Градоначалникот Паленсија откри дека напаѓачот за време на разговор на паузата за ручек ги убедувал пријателите да си одат дома бидејќи по ручекот ќе го „реализира својот план“. Неговите пријатели само се насмеале на тоа бидејќи бил познат како хуморист.
🇵🇭 School Shooting in South Cotabato, Philippines
1 killed & 4 injured in a shooting at Banga National High School, Cotabato
Gov. Reynaldo said a Grade 9 suspect used a caliber pistol before shooting himself#SB19 #VíasChile #ROSÉ #เปิดกล้องเมจิกเลิฟเวอร์ #毎週金曜はおつピザ pic.twitter.com/zEYM4RSuCL
— Daily Briefs (@Daily_Briefs_) September 18, 2026
По ручекот тој почнал да пука кон учениците, погодувајќи десетмина од нив пред да си го одземе животот. Поради пукањето е прекината наставата на сите нивоа во целата општина Банга, соопштија надлежните служби за управување со кризи.
Филипинскиот Црвен крст испрати возило на брза помош со четворица медицински лица на местото на настанот веднаш по дојавата, додека полицијата спроведува увид.
Министерството за образование изрази длабока загриженост и порача дека нивните приоритети се безбедноста на учениците и персоналот, апелирајќи до граѓаните да не шират непроверени информации.
Ова е веќе трето смртоносно пукање во училиште на Филипините од јуни оваа година. По инцидентот, гувернерот на провинцијата Јужен Котабато, Реиналдо Тамајо, ги повика возрасните сопственици на оружје на одговорност при складирањето на огненото оружје за малолетниците да немаат пристап до него.












