Поранешниот НБА-кошаркар, Мајк Свитни, почина на 43-годишна возраст. Свитни беше голема ѕвезда на Џорџтаун, а Њујорк Никс го избраа како деветти пик на драфтот во 2003 година.

Веста за неговата смрт ја објави неговата сопруга Индија, која му посвети емотивна порака. Таа истакна дека Свитни бил нејзин најдобар пријател 30 години и сопруг речиси две децении.

  • Да се познава Мајк Свитни, значи да се сака. Никој не го сакаше повеќе од неговото семејство, напиша таа, додавајќи дека нивните деца биле „светлината на неговиот живот“.

Причината за смртта, засега, не е соопштена. Свитни помина две сезони во Никс, а потоа беше разменет во Чикаго Булс. Тој беше дел од легендарниот НБА-драфт во 2003 година, на кој прв беше избран Леброн Џејмс, а меѓу првите шест беа и Кармело Ентони, Крис Бош и Двејн Вејд.

ИЗДВОЕНИ