Уште еден земјотрес го погоди Истанбул

69
EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Земјотрес со интензитет од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во петок, 2 мај 2025 година, во 10:30 часот, во областа на Истанбул.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал на 23 километри од градот, а граѓаните велат дека „добро го почувствувале земјотресот“.

„Мојата маса се тресеше“, „Се тресеше убаво“, „Ја почувствував како се тресе“, „Беше слабо, но можеше да се почувствува“, сведочеа граѓани на EMSC.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 6,3 километри под површината на земјата.

Засега нема информации за материјална штета, а надлежните служби ја следат состојбата.

Минатата недела катастрофален земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот на Истанбул. Снимките направени во моментот на земјотресот го прикажуваат Мраморното Море како опасно се бранува, како да се случило „мало цунами“.

ИЗДВОЕНИ