Втор земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала го погоди индонезискиот остров Суматра, соопшти Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил 7 километри северозападно од градот Пематангсиантар, на север од островот.
Сепак, земјотресот се случил на прилично голема длабочина, 180 километри под површината.
Немало ризик од цунами, соопшти EMSC.
Земјотресот, кој се случил синоќа покрај брегот на островот Флорес, имал интензитет од 7,7 степени.
Првиот силен земјотрес со интензитет од 7,7 степени го погоди источниот индонезиски остров Флорес рано во саботата, при што загинаа најмалку 38 лица.
Властите издадоа предупредување за цунами, кое оттогаш е укинато, но се регистрирани десетици последователни потреси, вклучувајќи еден со интензитет од 6,1.
Европската унија објави дека ќе го распореди сателитскиот систем Коперник за цели на пребарување и спасување.












