среда, септември 23, 2026
Дома СВЕТ Унгарското обвинителство бара укинување на имунитетот на Петер Маѓар, наводно украл телефон

Унгарското обвинителство бара укинување на имунитетот на Петер Маѓар, наводно украл телефон

0
EPA/OLIVIER MATTHYS

Унгарското обвинителство побара од парламентот да го укине имунитетот на премиерот Петер Маѓар, како и на двајца поранешни министри од владите на Виктор Орбан, Балаж Ханко и Миклош Шестак, за да можат истражните органи да продолжат со три одделни кривични постапки.

Во случајот со Петер Маѓар, станува збор за настан од јуни 2024 година во ноќен клуб во Будимпешта. Според обвинителството, за време на расправија тој му го зел мобилниот телефон на човек што го снимал, не сакал да го врати, а потоа, откако го напуштил клубот, го фрлил во Дунав. Телефонот, вреден повеќе од 100.000 форинти, подоцна бил пронајден и вратен на сопственикот во добра состојба. Обвинителството смета дека постојат основи за истрага поради сомнение за кражба.

Тогаш Маѓар бил член на Европскиот парламент, кој одбил да му го одземе имунитетот. По завршување на неговиот мандат во ЕП истрагата била обновена, но тој станал член на унгарскиот парламент и веќе следниот ден повторно стекнал  имунитетот. Маѓар сега го обвинува Обвинителството дека се обидува да го стави неговиот случај во ист контекст со големите истраги за корупција што се водат против поранешни функционери од претходната влада.

 

ИЗДВОЕНИ