Имола би можела да биде домаќин на последната трка во Формула 1 за сезоната 2026, тврдат извештаи од Италија. Според италијанскиот новинар Фулвио Солмс, договорот наводно е веќе постигнат, иако Формула 1 сè уште не потврдува официјално промени во календарот.

„Кориере дело спорт“ објави дека Имола практично би го презела местото на Абу Даби во финалето на сезоната. Трката за Големата награда на Емилија-Ромања наводно би се одржала на 6 декември.

Солмс тврди дека подготовките во Имола се веќе во тек и дека организацијата на настанот е доделена. Уште поголема промена би можела да следува доколку од завршницата отпаднат и Катар и Абу Даби. Катар моментално е закажан за 29 ноември, а Абу Даби една недела подоцна.

Засега нема официјална потврда од Формула 1, па останува да се види дали Имола навистина ќе добие спектакуларно финале на сезоната.

ИЗДВОЕНИ