четврток, јули 23, 2026
Дома БАЛКАН Унгарија в недела гласа: Анкетите укажуваат на сигурен крај на 16-годишното владеење...

Унгарија в недела гласа: Анкетите укажуваат на сигурен крај на 16-годишното владеење на Орбан

241

Унгарците в недела ќе излезат на парламентарни избори, чиј исход може сосема да ја смени политичката слика на земјата и по 16 години да го тргне премиерот Виктор Орбан од власт.

Според најновата проекција на агенцијата за анкети „Медијана“, позната како еден од најдоверливите прогнозери во Унгарија, опозициска партија Тиса е на пат да го освои двотретинското парламентарно мнозинство, потребно за измена на Уставот и за донесување клучни закони за деблокирање на средствата од ЕУ. Виктор Орбан, кој е премиер на Унгарија од 2010 година, и неговата партија Фидес се соочуваат со најголемиот предизвик во своето владеење. Тиса, централнодесничарската партија предводена од поранешниот член на Фидес, Петер Маѓар, води на независните анкети, објавува „Ројтерс“.

Врз основа на анализата на петте најнови анкети на „Медијана“ спроведени кон крајот на февруари и во текот на март, се предвидува дека Тиса ќе освои помеѓу 138 и 142 мандати во Парламентот со 199 места. Според таа анкета, владејачката Фидес ќе обезбеди помеѓу 49 и 55 мандати, а крајно десничарската Наша татковина – пет или шест. За двотретинско мнозинство, потребно за измена на Уставот и на основните закони, потребни се 133 претставници.

Во Фидес не веруваат во анкетите што предвидуваат победа на Тиса и посочуваат на анкети што сè уште сугерираат останување на Орбан на власт.

ИЗДВОЕНИ