Американската музичка ѕвезда Ријана беше фотографирана додека пазаруваше во Париз, а облеката што ја носеше ги натера корисниците на интернет да се прашуваат дали пејачката е повторно бремена.
На фотографиите, Ријана може да се види облечена во црна широка маица, црна кожна јакна, хеланки што ги комбинираше со балетанки и црна чанта. Иако носеше качулка и очила за сонце, не можеше да се скрие од папараците и фановите.
Откако фотографиите од нејзината посета на Париз почнаа да кружат на социјалните мрежи, нејзините обожаватели го поставија истото прашање.
Rihanna was seen leaving the Galeries Lafayette in Paris, France. pic.twitter.com/TWlcWQKWkO
— 21 (@21metgala) April 7, 2026
Со оглед на тоа што кариерата на пејачката е на пауза веќе некое време, за што особено придонесоа нејзините бремености, се прашуваа дали е повторно бремена.
Поради широката облека и навидум заоблениот стомак, многумина мислеа дека пејачката го очекува своето четврто дете. Само една објава со нејзини фотографии од Париз беше прегледана 7 милиони пати на платформата X.












