Унгарија побара од десет руски дипломати кои се „вклучени во активности неприфатливи според Виенската конвенција“ да ја напуштат земјата, изјави унгарската министерка за надворешни работи Анита Орбан.
„Оваа одлука ја штити безбедноста и суверенитетот на Унгарија. Тоа не значи прекин на дипломатските односи со Русија. Унгарија има намера да го продолжи потребниот дијалог, врз основа на меѓусебно почитување и почитување на правилата“, напиша Анита Орбан на социјалните мрежи.
Орбан не прецизираше што точно правеле руските дипломати, ниту колку време имаат да ја напуштат земјата.
Руското Министерство за надворешни работи изјави за новинската агенција „РИА Новости“ дека ќе одговори на одлуката на Унгарија да протера десет руски дипломати од Будимпешта.












