вторник, септември 8, 2026
Дома МАГАЗИН Раперот Кацар со своја песна во финалната епизода од холивудската серија „M.I.A.“

Раперот Кацар со своја песна во финалната епизода од холивудската серија „M.I.A.“

1

Песната „Нов лист“ на македонскиот хип-хоп артист Кацар, целосно испеана на македонски јазик, го доживеа својот глобален пробив како дел од официјалната музика во финалната епизода од холивудската крими-серија „M.I.A.“, која се емитува на светската стриминг-платформа „Пикок“.

Песната, која е во продукција на ИМП, е специјално создадена за потребите на оваа холивудска продукција и е вклучена во завршната, деветта епизода од првата сезона, насловена „Aperture“. Ваквиот ангажман претставува редок и исклучително значаен пример за пробив на македонски уметник во премиум американска телевизиска продукција.

„M.I.A.“ е високобуџетен холивудски трилер зад кој стои Бил Дубук, креаторот на светскиот хит „Ozark“ и сценарист на филмовите „The Accountant“ и „The Judge“, додека, пак, дел од епизодите се во режија на познатиот Џон Дал, познат по филмот „Rounders“ и култните серии „Breaking Bad“, „Dexter“ и „Homeland“.

Актерската екипа ја предводат познати холивудски имиња како Кери Елвес, Данај Гарсија, Алберто Гера и Морис Компте.

Успехот на Кацар со „Нов лист“ во продукција од ваков ранг претставува силна потврда за квалитетот на домашната урбана музика и за нејзиниот потенцијал за пробив на светската културна мапа.

ИЗДВОЕНИ