Пред состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ закажан за 11 мај, новата унгарска министерка за надворешни работи, Анита Орбан, објави дека Будимпешта повеќе нема да го користи ветото како средство за политички притисок во рамките на Европската Унија.
Таа нагласи дека Унгарија ќе се стреми да ја поправи нарушената доверба меѓу партнерите во ЕУ и НАТО.
Според неа, Унгарија претходно „премногу често дејствувала како кочница на европските процеси на донесување одлуки“.
„Ветото го користевме повеќе како политичка алатка за испраќање пораки отколку како последно средство“, наведе Орбан.
Зборувајќи за Украина, таа нагласи дека Унгарија ќе го поддржи нејзиниот европски пат само ако тој е во согласност со „јасно дефинираните национални интереси“. Таа, исто така, додаде дека Будимпешта ќе продолжи да инсистира на дополнителни права за унгарската национална заедница во Украина, пишува Украинска правда.
Весникот потсетува дека на 9 мај, Петер Маѓар, лидер на опозициската партија Тиса, положи заклетва и формално ја презеде функцијата. На првата седница на новиот парламент беше избран претседател, а една од првите одлуки беше враќање на знамето на Европската Унија во зградата на парламентот.












