петок, јуни 5, 2026
Дома МАГАЗИН Пејачот Никола Роквиќ со сопругата Бојана славеле во Италија 10 години љубов

Пејачот Никола Роквиќ со сопругата Бојана славеле во Италија 10 години љубов

84

Популарниот српски пејач Никола Роквиќ уште еднаш покажа колку е силно вљубен во сопругата Бојана. Тој ја изненадил со несекојдневен подарок, со огромна црна кутија во форма на срце, исполнета со десетици црвени рози. Романтичниот гест бил дополнет со раскошни сатенски ленти, а празничната трпеза ја красела и домашна торта украсена со јагоди во форма на бројот 10. На тој начин Никола и Бојана ги симболизираа 10 години од заеднички живот и сложното семејство. Славеле во Тоскана, каде што уживале во романтичен одмор во еден од најлуксузните италијански хотели.Бојана не го криела воодушевувањето, а една фотографија која брачната двојка ја споделија на социјалните мрежи предизвика бројни позитивни реакции од фановите на Никола. Но и реакции на жените кои отворено за пејачот велат дека многу се разубавил.

Никола и Бојана се посветени на верата. Таа дури признава дека во еден период од животот сериозно размислувала за монашки живот.      – Имаше моменти кога сакав да се замонашам. Исто така и Никола. Во тој период духовниот живот многу не привлекуваше. особено тогаш кога почина татко му, познатиот пејач Маринко Роквиќ. Никола, долго време многу тешко се бореше со тагата. Но, искрено верувајќи во бог, успеа да застане на нозете.

(Д.М.)

 

ИЗДВОЕНИ