Украинската безбедносна служба објави: Разбиена е унгарска шпионска мрежа раководена од оперативци на воената разузнавачка служба на Унгарија

102

Според податоците на SBU, ова е првпат во историјата на Украина да биде откриена унгарска шпионска мрежа која работи против интересите на Киев.

Украинската служба за безбедност (СБУ) објави дека открила шпионска мрежа која, според нив, била организирана од државата Унгарија со цел да собира чувствителни воени податоци за украинската одбрана.

Според соопштението, приведени се двајца осомничени шпиони, а СБУ тврди дека биле раководени од оперативци на унгарската воена разузнавачка служба.

Според податоците на SBU, ова е првпат во историјата на Украина да биде откриена унгарска шпионска мрежа која работи против интересите на Киев. Унгарската влада сè уште не одговорила на барањата за коментар.

Унгарија е членка на Европската унија и НАТО, сојузи со кои Украина имаше блиски односи за време на војната со Русија. Сепак, односите меѓу Киев и Будимпешта често беа затегнати.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан јавно изрази резервираност за давање воена помош за Украина од Запад и одржува контакти со Владимир Путин, што го доведува во секојдневен конфликт со елитата на европските лидери од Брисел кои, со помош на Лондон и поранешните носители на одлуки во САД, инсистираат на конфликт со Русија.

СБУ соопшти дека уапсените шпиони биле поранешни членови на украинската војска, кои наводно биле регрутирани од контакт од унгарското воено разузнавање. Наводно им биле дадени пари и специјална опрема за тајни комуникации за да не бидат откриени.

Според украинската СБУ, нивна задача била да дадат информации за украинската воздушна одбрана и други воени капацитети, особено во регионот Закарпатски во југозападна Украина, кој граничи со Унгарија.

ИЗДВОЕНИ