Откако Основниот суд во Кочани и одреди мерка притвор на обвинетата за сообраќајка со жртва Ива Михаилова МВР распиша централна и меѓународна потерница. Таа нелегално во понеделникот ја поминала македонско-бугарската граница иако е на стоп-листа на МВР поради судските мерки за обезбедување на судските рочишта против неа , двата пасоша и се одземени и треба да се јавува во полиција .
-Министерството за внатрешни работи распиша потерница по Михаилова Ива (23) од Кочани, од татко Симеон и мајка Христина двајцата од Кочани. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на Основен суд Кочани за кривично дело по член 300 став 4 и член 297 став 3 од Кривичниот законик, пишува во потерницата. Предмалку во ТВ интервју на Сител министерот Тошковски кажа дека : -Министерството ќе ја процесуира потерницата преку каналите што ги имаме за меѓународна соработка и се надевам дека нашиот источен сосед ќе се одважи да ги почитува меѓународните правила, Европската конвенција за човекови слободи и права, се она што значи нормална европска држава каква што Бугарија тврди дека е и суштински и е дел од семејството на ЕУ. (П.А.)












