петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА УЈП: Суспендирани инспекторите опфатени во случајот со пожарот во дискотеката во Кочани

УЈП: Суспендирани инспекторите опфатени во случајот со пожарот во дискотеката во Кочани

125

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека ги суспендирала вработените инспектори опфатени во случајот поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, откако во објавата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) беа изнесени сериозни наводи.

„Веднаш беше спроведена внатрешна проверка и донесено е решение за суспензија на лицата сè додека трае постапката за утврдување на фактичката состојба“, наведуваат од УЈП.

Од Управата посочуваат дека презентираните комуникации меѓу инспектори и даночен обврзник укажуваат на можност за оддавање даночна тајна, како и неовластено информирање за претстојни контроли и координација со други институции.

„Ваквото однесување е сериозно прекршување на Кодексот на однесување на вработените. УЈП останува посветена на законитост, транспарентност и професионализам и има нулта толеранција кон постапки што ги нарушуваат овие вредности“, нагласуваат од институцијата, додавајќи дека ќе продолжат да делуваат исклучиво во јавен интерес.

ИЗДВОЕНИ