Управата за јавни приходи (УЈП) започна со автоматско изготвување на МПИН пресметките за придонесите на самовработените лица – паушалисти, согласно измените на Законот за придонеси.
За јули и август 2026 година се изготвени околу 7.000 пресметки за приближно 3.500 паушалисти. Пресметките се достапни преку системот „Е-Даночни услуги“, по електронска пошта или во даночните канцеларии.
Со новиот систем се олеснува исполнувањето на обврските, бидејќи УЈП ги подготвува налозите за плаќање на данокот и придонесите. Сепак, обврската за плаќање останува кај самовработените лица.
УЈП најавува дека од 1 јануари 2027 година на годишно ниво ќе подготвува 12 месечни налози за данок и придонеси, кои ќе им бидат доставени на паушалистите со решенијата за паушално оданочување.












