Словенија ќе биде ослабена во претстојните натпревари од Лигата на нациите, откако Бенјамин Шешко, поради повреда ,го откажа настапот за репрезентацијата. Напаѓачот на Манчестер јунајтед има проблеми со долниот дел од ногата, поради што го пропушти и последниот натпревар на клубот, против Фулам. Порача дека му е жал што нема да може да ѝ помогне на својата репрезентација, но дека во моментов е најважно целосно да му се посвети на закрепнувањето.

  • Секогаш сум играл за Словенија со срце и со гордост. Веќе работам на тоа што поскоро да се вратам на теренот – изјави Шешко.

Словенија на 26 септември ја пречекува Шкотска, а три дена подоцна, на домашен терен, ќе се соочи со Македонија.

Потоа ќе следува гостувањето кај Швајцарија и кај Шкотска, што значи дека Словенците во овој циклус ќе мораат без една од своите најголеми ѕвезди.

ИЗДВОЕНИ