Цените на угостителските услуги во јуни 2026 година биле зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба со јуни минатата година, пак, угостителските услуги биле поскапи за 2,6 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во периодот јануари – јуни 2026 година, цените на угостителските услуги биле повисоки за 2,8 проценти во однос на тој период лани, додека во споредба со декември 2025 година, забележан е раст од 0,8 проценти.












