вторник, ноември 24, 2026
Дома МАГАЗИН Троен убиец призна дека убил маж осуден за убиство на две девојчиња...

Троен убиец призна дека убил маж осуден за убиство на две девојчиња во британски затвор

0

Троен убиец призна дека го убил Ијан Хантли – кој бил осуден за убиство на две девојчиња – додека се наоѓале во британски затвор, откако ја променил својата изјава за вината, пренесува „Би-би-си“.

Ентони Расел (44) првично негираше дека намерно го убил Хантли (52) во февруари оваа година во затворот со високо обезбедување „HMP Frankland“, во близина на Дарам, иако призна дека извршил убиство без предумисла (убиство од небрежност или во афект).

На вториот ден од судењето пред Кралскиот суд во Њукасл, Расел – кој го претепал Хантли до смрт со метална шипка – ја променил својата изјава, објави „Би-би-си“.

Обвинителите претходно го опишаа инцидентот како „ладнокрвен“ и однапред испланиран напад врз Хантли, кој издржувал доживотна казна затвор за убиствата на две девојчиња во 2002 година во Сохам, Кембриџшир.

Расел, кој е од Ковентри, во март 2022 година беше осуден на доживотен затвор без можност за условен отпуст, поради силување и убиство на бремена жена, како и за убиствата на една мајка и нејзиниот син.

И тој и Хантли – убиецот на Холи Велс и Џесика Чапман – биле сместени во „Крило А“ (Wing A) на затворот со високо обезбедување; за време на судењето беше изнесено дека постоела „напнатост“ меѓу двајцата убијци.

ИЗДВОЕНИ