Ова предупредување го упати италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, како што пренесува агенцијата „Анадолија“.
„Загрижувачки е тоа што војната меѓу Русија и Украина би можела да се прошири во област оддалечена само неколку стотици километри од Италија“, изјави тој.
Министерот нагласи дека таквото сценарио би можело да ја дестабилизира и ситуацијата во Либија – земја која сè уште се соочува со внатрешни политички поделби. Тој истакна дека воената ескалација во Средоземното Море мора да се избегне по секоја цена.
Претходно, италијанскиот заменик-премиер Матео Салвини го осуди нападот врз бродот „Меркури“ во близина на либискиот брег. Тој изјави дека не гледа каква било поврзаност меѓу потопувањето на руски брод во либиските води и одбраната на украинската територија.












