недела, јуни 7, 2026
Дома СКОПСКА Училиштето во Трубарево добива нови училници и менза

Училиштето во Трубарево добива нови училници и менза

201

Со нови училници, современа занимална, проширена библиотека, менза и наставнички простории, ќе се дополни просторот на ООУ „Крум Тошев“ во населеното место Трубарево, на територијата на општина Гази Баба.

Проверка на тоа како се одвиваат градежните активности, денеска извршија министерката за образование и наука, Весна Јаневска и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Министерката Јаневска истакна дека станува збор за инвестиција вредна 23 милиони денари, обезбедени од Владата.

– Се доградуваат три училници и тоалет, се прошируваат наставничката канцеларија и мензата. Ова е една од оние инвестиции што ги финансира Владата врз основа на поднесени барања од локалните самоуправи преку повиците за финансирање на капитални инфраструктурни проекти. Инвестицијата ќе се заокружи на почетокот на следната година – нагласи Јаневска, додавајќи дека во моментов МОН, Владата и општините финансираат над 80 проекти со кои се подобруваат условите за настава и за работа во училиштата.

Градоначалникот Стефковски наведе дека со оваа доградба се создава простор каде што знаењето расте, а младите генерации добиваат вистинска поддршка.

Тој додаде дека не се застанува тука, набројувајќи оти се градат нова училишна зграда во Ченто, како и спортски сали во Железара и во Црешево.

ИЗДВОЕНИ