среда, август 5, 2026
Дома СКОПСКА Учениците во училиштето „11 Октомври“ ќе имаат современа библиотека

Учениците во училиштето „11 Октомври“ ќе имаат современа библиотека

4

Општина Центар информира дека во ООУ „11 Октомври“ се финализира уредувањето на новиот простор наменет за библиотека медијатека. Учениците од септември ќе имаат современа библиотека, место каде што ќе можат да го поминуваат своето слободно време, да позајмуваат книги, да читаат и да разменуваат идеи.

Освен книги, енциклопедии, прирачници и речници, во библиотеката ќе бидат достапни и дневни весници, списанија и публикации, а просторот ќе биде опремен со интерактивен панел, компјутери и интернет-конекција. Проектот ќе им овозможи на 600 ученици и вработени да ги прошират своите знаења преку богатите содржини на медијатеката.

–Ова е само еден во низата проекти на кои работиме летово со цел подобрување на условите во кои се образоваат, воспитуваат нашите деца. Ова модерно катче е наменето за едукација, учење и за завршување на училишните обврски на нашите основци – изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Дополнително, оваа година училиштето воведе нов систем за електронска библиотека – софтверското решение „еБиблиотека“, кое овозможува целосна дигитализација и дигитално управување со библиотечниот фонд и со услугите, со електронско следење на книгите, членовите и на позајмувањето.

Училиштето располага со книжен фонд од 20.204 наслови, во кој се вклучени стручна литература, лектирни изданија и други наслови.

 

 

ИЗДВОЕНИ