Од Град Скопје велат дека во моментов се реализираат активностите поврзани со поставување вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација во населбата Ново Лисиче.

– По завршувањето на поставувањето на целокупната вертикална и хоризонтална сигнализација, ЈП „Градски паркинг“ ќе пристапи кон реализација на проектот за организирање стационарен сообраќај на јавните површини наменети за паркирање, согласно со одобрениот сообраќаен проект и по добивањето на потребната согласност од СВР Скопје – одговорија градските власти.

Тие додаваат дека реализацијата на проектот се одвива согласно со предвидената динамика, во координација со сите надлежни институции и во согласност со законските процедури, и оти по комплетирањето на сите предвидени активности и создавањето услови за непречено функционирање на системот, ЈП „Градски паркинг“ навремено ќе ја информира јавноста за почетокот на примената на новиот режим на паркирање, без притоа да наведе конкретен датум. Засега нема ништо ниту од воведувањето зонско паркирање во населбата Автокоманда

 

Иако беше најавено уште во април, зонското во Реонски Центар и во Ново Лисиче сè уште не функционира. Требаше да почне да се применува во Реонски Центар на први април, но жителите на Ново Лисиче се побунија и се заканија со протести, бидејќи им било ветено дека ќе се спроведе тоа и кај нив во исто време кога ќе профункционира и во Реонски Центар.

Поради тоа, воведувањето зонско паркирање во Реонски Центар се одложи, со цел да се направат подготовки во исто време да профункционира и зонското во Ново Лисиче.

Оттогаш поминаа четири месеци, а на виделина нема ништо од ветеното.

Од Град Скопје велат дека во моментов се реализираат активностите поврзани со поставувањето вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација.

– За населбата Ново Лисиче (урбаните блокови 1, 2, 3, 4, 5 и 6, како и градскиот кварт ЈИ 02), поставувањето сообраќајна сигнализација се реализира врз основа на договор за меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Аеродром и Град Скопје, а изведувач на работите на терен е ЈП „Улици и патишта“. По завршувањето на поставувањето на целокупната вертикална и хоризонтална сигнализација, ЈП „Градски паркинг“ ќе пристапи кон реализација на проектот за организирање стационарен сообраќај на јавните површини наменети за паркирање, согласно со одобрениот сообраќаен проект и по добивањето на потребната согласност од СВР Скопје – одговорија градските власти.

Тие додаваат дека реализацијата на проектот се одвива согласно со предвидената динамика, во координација со сите надлежни институции и во согласност со законските процедури, и оти по комплетирањето на сите предвидени активности и создавањето услови за непречено функционирање на системот, ЈП „Градски паркинг“ – Скопје навремено ќе ја информира јавноста за почетокот на примената на новиот режим на паркирање, без притоа да наведе конкретен датум.

Нема ништо ниту од воведувањето зонско паркирање во населбата Автокоманда, која се наоѓа на територијата на Општина Гази Баба. Таму беше најавено тоа уште минатата година, а градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, тогаш извести дека е донесено решение за утврдување режим на сообраќај во Автокоманда, со што и официјално се одобрува воведувањето зонско паркирање. Беше спроведена и теренска анкета според чии резултати жителите се за да профункционира.

(А. П.)

ИЗДВОЕНИ