петок, јуни 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Уапсени тројца скопјани барани со потерница за вкупна затворска казна од 9,5...

Уапсени тројца скопјани барани со потерница за вкупна затворска казна од 9,5 години

69

Вчера полициски службеници од ОКР Кисела Вода, ОКР Ѓорче Петров и ОКР Центар – Бит Пазар при СВР Скопје, лишиле од слобода две лица кои биле барани по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворски казни, информираа од МВР.

Лицето Н.Ј. (44) од Скопје било барано за издржување казна затвор во траење од три години и шест месеци за сторено кривично дело „обид за убиство“, казниво по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. По лишувањето од слобода, лицето е спроведено во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

Лицето Г.И. (62) од Скопје било барано за издржување казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело „уништување на изборен материјал“, казниво по член 164 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка.

ИЗДВОЕНИ