Екипата на ТФТ Скопје е на добар пат да испише историја во АБА лигата, откако направи голем чекор кон финалето во АБА2. Тимот од Скопје славеше на гостувањето кај Сутјеска со 93:88 и сега го дели само една победа до пласман во финалето.
Македонскиот тим доминираше во првото полувреме и стекна убедлива предност (59:41), која успеа да ја задржи до крајот и покрај обидите на домаќините за пресврт.
Најефикасен во македонскиот тим беше Виктор Ташовски со 28 поени.
Реваншот се игра на 15 април во Скопје.











