четврток, јули 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Уапсен наводно вооружен Холанѓанец кај Силбо: Пружал отпор, па бил совладан од...

Уапсен наводно вооружен Холанѓанец кај Силбо: Пружал отпор, па бил совладан од дузина полицајци со наредби да легне на земја

133

Холандски државјанин синоќа се однесувал агресивно кај Градежниот факултет во Скопје и бил пријавен дека носел пиштол на појасот. Кога полицајци дошле за да го уапсат, 22-годишниот Холанѓанец им пружил отпор, но тие го совладале, соопшти МВР.

Според информациите, осомничениот со иницијали С.С.С. пред апсењето бил во угостителски локал во близина, каде агресивно се однесувал со персоналот и со гостите, кои забележале дека носи пиштол на појасот. Сопственикот на локалот ја повикал полицијата, а таа интервенирала, но насилникот дал отпор и се обидел да избега накај Градежниот факултет.

На социјалните мрежи се појави снимка од апсењето, која ја пренесоа медиумите. На неа се гледа како десетина полицајци го совладуваат, извикувајќи му наредби на македонски да легне на земја.

ТВ „Сител“ објави дека при потерата по младиот насилник, полицајците пукале во воздух, но полицијата тоа не го потврдува во официјалното соопштение за инцидентот. Според она што го вели МВР, пиштолот што наводно го носел Холанѓанецот не бил пронајден.

„На 13.05.2026 година во 23:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле 22-годишниот С.С.С. од Кралството Холандија. Тој бил приведен по претходна пријава дека околу 23:35 часот на подрачјето на Центар се однесувал непристојно и го нарушил јавниот ред и мир. Дополнително, во пријавата било наведено дека лицето наводно носело пиштол. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветна пријава“, соопшти МВР.

ИЗДВОЕНИ