недела, јули 5, 2026
Дома БАЛКАН Уапсен началникот на белградската полиција: Се сомничи за непријавување злосторство на Сењак

Уапсен началникот на белградската полиција: Се сомничи за непријавување злосторство на Сењак

39

Службата за сузбивање на криминалот и Службата за организиран криминал при Министерството за внатрешни работи (МВР) го уапсија началникот на Полициската управа на град Белград, Веселин Милиќ, и му одредија притвор до 48 часа, објави денес Радио телевизија на Србија (РТС).

Милиќ беше испрашуван порано денес во врска со случајот со исчезнувањето на маж во Сењак. Како што дознава РТС, уапсените полицајци вклучени во случајот со исчезнувањето на мажот се членови на обезбедувањето на Веселин Милиќ.

Тројца полицајци, сопственикот и келнерот на барот во Сењак, каде што последен пат беше виден А.Н., кој исчезна на 12 мај, беа уапсени вчера.

Двајца осомничени беа претходно уапсени во тој случај за убиство.

Сопругата на осомничениот за убиството беше исто така уапсена под обвинение за носење пиштол.

ИЗДВОЕНИ