Најдобрите македонски таеквондисти не успеаја да стигнат до медал на Европското првенство за сениори што се одржува во Минхен. Најголемата надеж, Дејан Георгиевски, стигна до четврт-финалето во категоријата над 87 килограми.
Освојувачот на олимписко сребро од Токио прво го совлада Турчинот Емре Кутламиш Атесли со 2:1, но потоа беше елиминиран од Шпанецот Иван Гарсија Мартинез со 2:0.
Милјана Рељиќ, исто така, забележа една победа откако ја совлада Гркинката Теопула Сарванаки со 2:0 во осминафиналето, но во борбата за медал загуби од Чехинката Петра Столбова со 2:1.
Без пласман понатаму остана и Филип Блажевски, кој беше поразен од Исланѓанецот Гудмундур Сигурјонсон со 2:0 во категоријата до 80 килограми, уште во првата рунда.











