вторник, октомври 6, 2026
Дома СВЕТ Уапсен е уште еден Британец поради инцидент во близина на воздухопловната база...

Уапсен е уште еден Британец поради инцидент во близина на воздухопловната база Ферфорд

17

Дваесет и двегодишен маж е уапсен под сомнение за кривично дело поврзано со тероризам, кое се поврзува со неодамнешен безбедносен инцидент во воздухопловната база Ферфорд.

 

Надлежните служби за борба против тероризмот соопштија дека мажот, кој е британски државјанин, бил приведен во лондонската област Вестминстер под сомнение за подготвување терористички напади.

Ова е седмо апсење поврзано со наводен заговор против базата на Кралските воздухопловни сили (РАФ) во Ферфорд, во западна Англија; американски бомбардери ја користеле базата за мисии поврзани со Иран, но биле итно преместени по инцидентот.

Шестмина други мажи се пуштени на слобода со кауција, иако истрагата против нив продолжува.

Голем број локални жители беа евакуирани од своите домови во близина на базата рано наутро на 27 септември, откако вооружени полицајци и воени експерти за деактивирање експлозивни направи интервенираа во руралната област.

Полицијата подоцна соопшти дека пронашла одредено количество запалив материјал – бензин – но не и експлозив, во три комбиња поврзани со петмина од осомничените.

Премиерот Енди Бурнам изјави дека Обединетото Кралство гледа „силни индиции“ оти Иран одиграл улога во инцидентот, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ