вторник, септември 8, 2026
Дома СВЕТ Уапсен е осомничениот за инцидентите во трафостаници во Германија

Уапсен е осомничениот за инцидентите во трафостаници во Германија

0

Осомничениот патувал сам пеш и се обидел да заобиколи блокада кога бил уапсен.

Неколку од неговите рачно изработени експлозивни направи, кои ги користел за напади врз трафостаници, биле пронајдени синоќа во електрана во Вајсвајлер, како и писмо во кое се презема одговорноста.

Според полицијата, човекот носел дополнителен експлозив кога бил уапсен и не дал отпор.

Полициските службеници пронашле шатор поставен во блиските грмушки, кој исто така бил опремен со експлозиви.

Вчера, инциденти беа регистрирани во покраината во рок од неколку часа еден од друг, што повторно го отвори прашањето за можни напади врз електричната инфраструктура.

Неодамна се регистрирани неколку обиди за саботажа на трафостаници и високонапонски далноводи во Бранденбург, во градовите Турнов-Прајлак, потоа во Северна Рајна-Вестфалија, во Бергхајм и Дормаген, како и во Саксонија, во Герлиц и Бауцен, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ