Градоначалникот ги негираше сите обвинувања, а неговото апсење предизвика големи протести, економски проблеми и обвинувања за политизирано правосудство.
Владата ги отфрла тие обвинувања и истакнува дека правосудството е независно.
Турската телевизија НТВ објави дека 34 од 52 лица кои се упасени во текот на викеднот во рамки на истрагата се ослободени со судска рестрикција.
Меѓу уапсените беа и генералниот секретар на општината, шефот на кабинетот на Имамоглу, претседателот и потпретседателот на управата за вода и канализација на општината (ИСКИ) како и шеф на одделение во ИСКИ.