Возачот на Априлија, Марко Бецеки, ја освои Големата награда на Соединетите Американски Држави во Мото ГП шампионатот. Ова за него е трета победа во третата трка од сезонат, а ја забележа својата деветта победа во кариерата.
Неговиот тимски колега Хорхе Мартин беше втор, со 2,036 секунди заостанување, додека Педро Акоста заврши трет, со 4,497 секунди заостанување зад Бецеки.
Фабио ди Џанантонио го освои четвртото место, додека актуелниот шампион Марк Маркез беше петти.
Бецеки води во генералниот пласман со 81 бод, Мартин е втор со 77, а Акоста трет со 60 бода.
Следната трка во Мото ГП ќе биде Големата награда на Шпанија на 26 април.











